Израелци развија батерии што се полнат за „пет минути“

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните возила стануваат се попопуларни, но најголемиот проблем со кои се соочуваат е брзото полнење на батериите. Ако се користат во градски услови и за секојдневни потреби тогаш батериите може и да бидат доволни, но се уште е проблем ако треба да патувате на подолга релација. Полнењето за „пет минути“ додела протегнувате нозе и пиете едно кафе ќе бидат добредојдени за сите оние што сакаат долги патувања.

Израелска компанија разви технологија што може да ги отстрани проблемите поврзани со малата километража што електричните возила можат да ги минат со едно полнење.

Специјалистите за ултра брзо полнење на StoreDot ја развија првата генерација на литиум-јонска батерија која може да се натпреварува со полнењето на стандардни возила на бензинските пумпи во однос на времето на полнење.

Иновацијата може да заштеди часови потребни за полнење на електрични возила. Во моментов, производителите тестираат стотици прототипи.

Фирмата, со седиште во Херцлија во близина на Тел Авив, има поддршка од четири клучни инвеститори – германски Daimler, British Petroleum, Samsung и TDK.

Електричните возила се уште се скапи и во 2019 година отпаѓаат само 2,6 проценти од глобално продадените автомобили, според Меѓународната агенција за енергија. Kолку побрзо светот се префрли на електрични возила, толку подобро, бидејќи верува дека тоа ќе има огромно влијание врз планетата.

Сепак, рециклирањето на овие батерии останува проблем. Секој од нив има животен век од 3.000-3.500 полнења.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK