Кинезите напаѓаат: Geely со овој автомобилот ќе го освојува светот

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот кинески производител на автомобили, Geely ги објави првите официјални фотографии од својот субкомпактен SUV со кој ќе јуриша во освојување на глобалниот пазар.

Со овој модел можност да се запознаат имаа кинеските медиуми на семинар за дизајн кој се одржа во Нанјинг, Кина.

Geely овој модел го најави како нова ера во паметната мобилност наменета за новата генерација на корисници кои ги пресетнува со напредната технологија и одличниот дизајн.

Овој SUV од B сегментот доаѓа со должина од 4,350 мм, широчина 1,615 мм, висина 1,810 мм и меѓуоскино растојание од 2,640 мм.

Доаѓа со напредна технологија како во поглед на инфотејнмент системот ткаа и во поглед на бројните системи за безбедност и асистенција на возачот при возење.

Сите технички карактеристики се очекува да бидат познати до крајот на годината. Она што се знае е дека централно место ќе заземе 1,5 литарскиот бензински мотор.