Студенти создадоа автомобил кој „цица“ штетни гасови додека вози (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Студенти од Технолошкиот универзитет во Ајндховен, Холандија создадоа еден од најеколошките автомобили на планетата. Концептот ZEM (Zero Emissions Vehicle) беше претставен како автомобил кој има за цел да го минимизира јаглеродниот отпечаток на планетата на секој можен начин, и во неговото производство и во неговото движење.

Електричното купе е направено од рециклирана пластика, која со помош на 3Д принтер се обликува во сегашниот изглед. И целата структура на автомобилот под панелите и самите надворешни панели се направени од таков производ. Она што е сепак поинтересно е што се крие под овие пластики, поточно специјален филтер кој ги собира CO2 гасовите додека возите.

Студентите велат дека автомобил може да „исцица“ до 1 килограм штетни гасови на секои 10 илјади километри, а 10 такви автомобили ќе заробат CO2 колку едно дрво. Во моментов проектот за автомобилот е се уште на концептуално ниво, но студентите веќе најдоа начин како да го зголемат капацитетот на филтерот и да направат посебни станици за негово менување.

Еден филтер трае околу 320 километри, по што мора да се испразни. Во моментов студентите бараат помош од автомобилски компании за да им помогнат околу проектот и неговото појавување во сериска форма.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK