Bronco ќе биде ХИТ: Досега има 190.000 потврдени резервации

ОБЈАВЕНО НА:

Респектираната бројка беше постигната уште пред брендот да го објави официјалниот конфигуратор на цени на моделот (Ford.com/Bronco), вклучувајќи портфолио на бои, внатрешни материјали, детали за нивоата на опрема и дополнителни додатоци и опции за прилагодување.

Иако промовиран пред извесно време, за многу кратко моделот Bronco има шанса да биде вистински хит, а Ford да има проблеми – околу испораката на моделот бидејќи се повеќе луѓе оставаат капар.

Ford објави дека компанијата во моментов добила повеќе од 190.000 резервации за потполно новата генерација на возобновеното Bronco. Респектираната бројка беше постигната уште пред брендот да го објави официјалниот конфигуратор на цени на моделот (Ford.com/Bronco), вклучувајќи портфолио на бои, внатрешни материјали, детали за нивоата на опрема и дополнителни додатоци и опции за прилагодување.

Новиот Bronco беше претставен во три основни верзии: на купе со две и четири врати, како и покомпактна верзија на Bronco Sport, при што Ford објави дека сите три варијанти ќе понудат оптимално управување како на стандардни така и на теренски површини.

Системот 4×4 за Bronco, кој е достапен во сите модификации, нуди избор до 7 специјално конфигурирани режими на работа, вклучително и Normal, Eco, Sport, Slippery и Sand, како и Baja, Mud/Ruts и Rock Crawl во теренски режим.

Идните сопственици на Bronco ќе можат да избираат помеѓу 2,7-литарски EcoBoost V6 мотор со 310 коњски сили и 2,3-литарски EcoBoost мотор со 270 коњски сили, а како дополнителна опрема е достапен и 10-степен автоматски менувач.

Bronco Sport ќе излезе на пазарот со својата гама на мотори – дволитарски EcoBoost со 245 коњски сили и 1,5 литарски EcoBoost со 181 коњски сили, во комбинација со осумстепен автоматски менувач.

Пристигна Ford Bronco – сеамериканско 4х4 семејство

Следете не и на:

24AUTO NETWORK