Голема новина: Сите модели на SEAT ќе имаат навигација во иднина

ОБЈАВЕНО НА:

Во следните недели сите возила што ќе излегуваат од производната лента на фабриката на Seat ќе имаат навигација, односно Waze навигацијата. Тоа е порано познатиот FreeMap Israel, апликација за навигација развиена од израелската компанија Waze Mobile и купена од страна на Google во 2013 година за сума од 1,2 милијарда долари.

Waze апликацијата работи на сите големи оперативни системи за мобилни телефони и има голема заедница на корисници кои споделуваат информации во реално време за состојбата на патиштата, што потоа се користат од страна на Google Maps.

Google планира да понуди бета верзија на Waze апликацијата за Андроид што ќе биде компатибилна со сите возила на Seat што се снабдени со Full Link мултимедија, вклучувајќи ги и моделите што веќе се испорачани на купувачите.

Seat исто така ја претстави и новата Seat Drive App за Андроид авто. Кога возите, можете од вашиот андроид телефон кој има верзија на Lollipop 5.0 или понова, безбедно да ги префрли информациите од телефонот на екранот во автомобилот додека возите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK