Најопасните митови за возење во зимски услови

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку сакате безбедно возење и во текот на зимата со своето возило најдобро е да ги следите упатствата кои стојат во упатството за користење на автомобилот од страна на производителот. Тоа е најдобрата варијанта бидејќи овие совети напишани во упатството се изведени после многубројни тестирања во процесот на производство на вашето возило. Затоа е најдобро да не ги слушате разните „стручњаци“ туку треба да верувате на советите од компанијата од која го имате купено автомобилот.

Во продолжение ќе имате можност да видите некои од популарните митови кои се однесуваат на возењето во зимски услови.

„Најпопуларниот мит“: АВЅ треба да се исклучи при возење по снег и(ли) мраз!

Во ова нема нималку вистина. Иако АВЅ често се активира при возење во вакви услови, не би требало да го исклучувате. Вистината е дека со АВЅ се продолжува патот за запирање, но вам притоа ви е овозможено управување на возилото (вртење и избегнување на пречки), додека со обично кочење (блокирање на тркалата) се губи таа можност на управување. Модерните АВЅ состави се толку напреднати што имаат повеќекратна корист во однос на возилото без АВЅ.

Треба да се исклучат составите за контрола на стабилноста на возилото!

Овие состави (ESP, DSC,…) во услови на слаба стабилност на возилото (на снег/мраз) се активираат при лизгање на тркалата и го намалуваат дозирањето на гас или ги активират кочниците на тркалта кои пролизгуваат. При возење во вакви услови многу е важно дека овие состави се активни бидејќи тие најдобро ја искористуваат можноста за стабилност на вашето возило, подобро и од искусните возачи. Сепак, постојат одредени околности каде може да имате корист со деактивирање на овие состави. Ако сте заглавени во снег и не можете да се извлечете, деактивирајте ги привремено овие состави и обидете се повторно.

Ритмичното кочење е корисна техника при управувањето на новите возила. Се работи за техника со која се кочи и отпушта кочницата во одреден ритам овозможувајќи на тој начин компромис меѓу кочење и управување.

Оваа техника е корисна кај возилата без АВЅ (и понатаму важна техника бидејќи според некои податоци на овие подрачка преку 80% од возилата се без АВЅ состав). Ако пак имате АВЅ не би требало да се обидувате со оваа техника бидејќи АВЅ изведува слична техника, но многу побрзо и попрецизно.

Секогаш возете во најнизок степен на пренос!

Ова не е добра идеја ако треба да тргнете на лизгава површина или на нагорнина. Најнискиот можен степен на пренос дава поголем вртежен момент на тркалата, а поради големата сила веројатно ќе резултира со лизгање на погонските тркала. Во ваква ситуација најдобро е да се користи најголемиот практичен степен на пренос (го смалува вртежниот момент) и лесно да се дозира гаста.

Во текот на возењето во вакви услови е многу важен компромисот меѓу кочењето и управувањето со возилото. Најдобриот компромис е оној степен на пренос во кој бројот на вртежите на моторот е меѓу 2000-3000 (rpm). Таков степен ја смалува можноста од лизгање на погонските тркала и ви овозможува кочење на моторот (по потреба). Возењето во понизок степен ан пренос е корисно во овие услови кога се спуштате низбрдо. Со кочењето значително би ја зголемиле можноста за блокирање на тркалата, што резултира со губење на способноста на управување (вртење и избегнување на пречки). Со возење во низок степен на пренос практично го кочите моторот и така тркалата можат речиси непречено да се движат.

Добро е да се смали притисокот во гумите во текот на возењето по снег/мраз!

Технички гледано, овој мит е вистина. Смалувањето на притисокот во гумите го зголемува газечкиот слој (шарата) и се овозможува подобар контакт на гумите. Сепак, ова не би требало да го правите!

Со смалувањето на приисокот гумата повеќе се загрева, што може да биде многу опасно и да резултира со пукање на истата, особено при големи брзини. Затоа никако немојте да возите со гуми кои немаат доволен (препорачан) притисок.

Како се смалува притисокот така се постигнува и поголем контакт, притисокот во гумите може да се испушти на кратко ако се заглавите во снег шро ќе ја зголеми способноста за контакт на вашите гуми, па на тој начин со малку среќа ќе се извлечете од проблеми. После тоа напумпајте ги гумите на препорчан притисок.

Произведувачите на гуми дури препорачуваат и зголемување на притисокот во текот на зимата. Зошто? Во текот на зимата притисокот во гумите се смалува после компресија на воздухот. Препорачаното зголемување на притисокот е од 0,2 бари (зависно од произведувачот на гуми). Кога се работи за гуми, секогаш следете ги препорачаните норми од страна на произведувачот. Вашите гуми ќе траат подолго (заштеда), а возењето ќе биде посигурно.