Краделе луксузни автомобили, ги шверцувале во контејнери – биле наменети за Турција и Либија

ОБЈАВЕНО НА:

Околу 40-тина украдени луксузни автомобили се пронајдени и запленети од полицијата во Италија и Канада, пренесуваат локалните медиуми.

На италијанските пристаништа во Салерно и Тауро се запленети 30 автомобили кои се пренесувале во контејнери по воден пат, додека 10-тина се запленети на пристаниште во Канада.

Според CBSA (Canada Border Services Agency) овие автомобили биле украдени во Канада, а крајната дестинација биле Турција и Либија.

Со истрагата запленети се различни модели до брендвите на Mercedes, Land Rover, BMW, Lexus, Chevrolet, Audi и други. Сите овие автомобили ќе бидат вратени во Канада каде ќе им бидат вратени на сопствениците.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK