СОВЕТ: Зошто не треба да чувате шише со вода во автомобил?

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку чувате шише вода во вашиот автомобил, веднаш фрлете го, за да бидете мирни, особено во текот на летото.

Во текот на летните денови, секој возач треба да има барем едно шише вода во автомобилот. Ако е жеден да се напие, да се освежи. Но, дали знаевте дека обично шише вода може да биде опасно по живот? Особено ако го оставите во автомобилот.

Топлите летни денови веќе дојдоа, но токму високите температури исилното сонце може да донесат непријатност, па дури и поголем проблем. Сигурно се прашувате како едно обично шише може да биде опасно?

Шише полно со вода кое е изложено на диретен извор на сончева топлина може да ја засили сончевата светлина и во најлош случај да предизвика пожар. Обичен лист хартија може без проблеми да се запали доколку во него директно се прекршува сончевата светлина преку шишето. Ова можете да го потврдите ако и самите ставите под директна светлина сонцето преку стаклено, па и пластично шише.

Листот може да се запали, особено што во внатрешноста на возилото кога истото е диектно изложено на сонце температурата е многу повисока од надворешната. Ако автомобилот помине два и пол часа на сонце без вклучена клима, температурата во него може да биде и до 88 отсто повисока од надворешната.

Истото може да се случи и со други запаливи материјали кои може да бидат заборавени во вантрешноста на автомобилот.

Покрај проблемот со пожарот, треба да се забележи и дека неправилно поставеното шише во автомобилот може да претставува опасност за возачот и неговите сопатници.

Доколку автомобилот вози со брзина од 60 km/h и нагло закочи, едно литарско шише би имало сила од 60 килограми, како проектил. ја зголемуваат сончевата светлина и во најлош случај предизвикуваат пожар.

Ако веќе оставате шише со вода, ставете го во некој дел каде нема да има директен пристап до сончевата светлина, на преми во вратата или под седиштето.

ДАЛИ МОЖЕТЕ ДА ПИЕТЕ ВОДА ОСТАНАТА ВО АВТОМОБИЛОТ?
Дефинитивно не. Здравствените експерти не препорачуваат пиење флаширана вода која е оставена во паркиран автомобил. Ова е поради нивото на бифенил А во пластичните шишиња со вода.

Според научниците, изложувањето на екстремна топлина може да го зголеми волуменот на штетната хемикалија наречена бисфенол А (БПА) која се ослободува во водата од пластиката. Така, кога шише со вода е изложено на екстремна топлина, тоа може да ги зголеми шансите за запалување на пламен.

Кога шишето со вода се чува на температура од 70 Целзиусови степени, може да биде штетно за здравјето. Кога автомобилот е паркиран под сонце, може да ја зголеми внатрешната температура до 78 Целзиусови степени и може негативно да влијае на нашето здравје.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK