Истражување во Германија: Kia Ceed подобра од VW Golf!

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Eurotax која ја проценува вредноста на користените автомобили на сите брендови, неодамна направи анализа за вредноста на користени автомобили C-сегментот и за возилата од три години старост или 50.000 километри и 5 години старост или 100.000 км.

Се споредувале конкурентите со слична опрема и мотори:
Киа CEED 1.0 T-GDI Vision (120 КС)
VW Golf 1.4 TSI Join (130 КС)
Renault Megane Tce 115 GPF Limited (115 КС)
Opel Astra1.4 Turbo Edition (125 KS)

По три години и 50.000 километри Kia Ceed во споредба со цената на возилата при купување задржа 63,3% од куповната вредност на возилото, што е највисока од сите четворица претставници – VW Golf задржува 60,6%, Asatra – 50,1% и Renault Megane 49, 5% од набавната вредност на возилото.

По пет години и 100.000 километри Kia Ceed во однос на куповната цена на возилата задржува 44,3% од вредноста на возилата, VW Golf задржува 45,2%, додека другите двајца претставници поприлично заостануваат: Astra 35,1% и Megane 31,1% вредноста.

Kia Ceed неодамна влезе во финалиниот избор за автомобил на годината во Европа, а и првата генерација на моделот беше финалист во 2008 година. Исто така е втора година по ред Kia има финалсит, а лани тоа беше Kia Stinger.
Од почетокот на производството кон крајот на 2006 година, во фабриката во словачкиот град Жилина се произведени повеќе од 1,3 милиони примероци на моделот Ceed. Новиот модел моментално е достапен во две варијанти: хечбек со 5 врати и Ceed Sportswagon.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK