Патувајте во Санкт Петербург само со бесплатна електронска виза

ОБЈАВЕНО НА:

Наместо посета на конзуларните претставништва и барање виза, и плаќање за истата, од 1 октомври за македонските граѓани патувањето во Санкт Петербург ќе биде овозможено само со електронска бесплатна виза. Од Амбасадата на Русија во Македонија потврдуваат дека на сила ќе стапи нов начин на издавање визи за посета на овој град и за целата Ленинградска област.

Оваа поволност Русија ја воведува за 53 земји, меѓу кои и Македонија. На твитер-профилот на амбасадата објавија дека за да се добие визата ќе биде потребно да се аплицира онлајн најмалку четири денови пред патувањето и дека нема да има потреба да се оди во амбасадата. Можноста за аплицирање почнува на први октомври.

Сајтот на кој може да се аплицира работи 24/7. Нема потреба од никакви покани или потврди. Потребно е само да имате волја да го посетите Санкт Петербург.

При патувањето, доволно ќе биде само да ја испечатите електронската виза или да го покажете известувањето на мобилниот телефон и ќе може да влезете во Санкт Петербург само со пасош.