Ова е листата на најштедливи возила: Доминираат Европјани, ама прв е Јапонец

ОБЈАВЕНО НА:

При постојано варирање на цената на горивата еден од главните критериуми при купување на автомобил е неговата потрошувачка. Со оглед на се помалата понуда на дизелски мотори, а во ситуација кога електричните се далеку скапи и над домашниот буџет, се решавате за модел со бензински мотор.

А последните децении, поради трката за намалување на емисиите на CO2 (што е директно поврзано со потрошувачката на гориво), автомобилите станаа значително поекономични.
Споредбата на автомобилите е според хомологациските WLTP вредности на просечна потрошувачка. Иако потрошувачката на WLTP може да биде сосема различна од онаа што поединечните возачи ја постигнуваат во пракса, таа е многу пореална од претходните методи за пресметување на потрошувачката и со понежна нога на гасот во идеални услови и остварлива.

Но, сепак се зависи од вашето притискање на педалот на гаста, и начинот на возење. Декларираната потрошувачка може да биде и помала, ако ја вози некој што внимава, што значи дека сите на листата се штедливи, и нијанси ги делат.

На листата од 10 возила има седум модел од Stellantis групацијата. Но сепак, најштедливиот доаѓа надвор од Европа.
Тоа е
Suzuki Swift – 4,4 l/100 km, 99 g/km CO2
Го зазема првото место во табелата за потрошувачка за бензински возила благодарение на неговиот благ хибриден погон. Тоа е уште еден 1,2 трицилиндричен бензински мотор. Атмосферскиот мотор со 12-волтен благ хибриден систем развива 83 КС и максимален вртежен момент од 112 Nm. Неговата максимална брзина е 165 km/h, забрзувањето од 0 до 100 km/h е 12,5 секунди.

На листата од најштедливи следуваат
2. Peugeot 208 – 4,5 l/100 km, 102 g/km CO2
2. Opel Corsa – 4,5 l/100 km, 102 g/km CO2
4. Lancia Ypsilon – 4,6 l/100 km, 103 g/km CO2
5. Fiat 500 – 4,6 l/100 km, 105 g/km CO2
6. Citroën C4 – 4,7 l/100 km, 106 g/km CO2
7. Peugeot 308 – 4,7 l/100 km, 107 g/km CO2
7. Mazda 2 – 4,7 l/100 km, 107 g/km CO2
9. Toyota Aygo X – 4,8 l/100 km, 108 g/km CO2
10. Fiat 600 – 4,8 l/100 km, 109 g/km CO2

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK