Место да стојат во гаража: Зошто треба редовно да ги возите автомобилите?

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилските конструктори и инженери ги прават автомобилите, особено нивните мотори со намена да се користат редовно и трајно. Долгата неактивност на еден мотор не се одразува добро на техничката способност што значи дека мора да биде користен многу поредовно.

При редовна работа механизмите во работен режим комуницираат еден со друг, а маслото во системот циркулира и освен како средство за подмачкување игра улога и на средство против рѓа. Колку и да се трудат современите конструктори на мотори да измислат некаков вид на покритие, сепак, уште никој не успеал да се избори со рѓата со 100%.

Од долга неактивност на моторот страдаат и сите гумени соединенија. Антифризот кој се движи низ нив исто така има корисен ефект и го спречува стареењето на материјалот и ја поддржува неговата еластичност. Има и друга, многу сериозна причина автомобилот да се вози многу поредовно. При подолго претстојување маслото може да се раслои на посебни фракции бидејќи е познато дека се состои од основа и додатоци кои влијаат на неговитге својства.

Оттаму во автомобилот кој не е возен подолго време е препорачано да се смени маслото. Долгиот претстој се одразува и на хидрауличните системи на возилото. Познато е и дека течноста за сопирачките собира влага, што дефинитивно ги деградира неговите својства. Затоа од особено значење се и условите во кои се чува автомобилот кога е неактивен. Сува и топла гаража е иделно место за паркирање на автомобилот, но сите немаат таква можност. Затоа е препорачливо автомобилот да се вози барем двапати неделно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK