Електричен Mercedes EQS со ознака „made in India”

ОБЈАВЕНО НА:

Фабриката на Mercedes во Индија стана првото место каде што електричен модел на марката се произведува надвор од Германија. Фабриката во градот Пуна го состави првиот EQS и започна сериско производство на моделот на локално тло. Ова е 14-ти модел на Германската компанија што се произведува во Индија, вклучувајќи го и водечкиот S-Klasse.

Фабриката во Пуне ќе го произведува EQS 580 4Matic со батерија од 107,8 kWh што напојува два електрични мотори, по еден на предната и задната оска. Тие му овозможуваат на EQS да забрза до 100 km/h за 4,3 секунди и да патува до 677 километри според европските мерни стандарди и речиси 860 километри според индиските тестови. Ова го прави EQS 580 4Matic електричен автомобил со најголема километража достапен во Индија.

Од Mercedes ветиле дека до крајот на годината 80% од Индија ќе има достапни ултра брзи полначи, кои ќе бидат резервирани исклучиво за сопствениците на електричниот Mercedes за првата година на употреба. Со EQS, ова значи домет од 300 километри за 15 минути полнење.

„EQS 580 4MATIC е првото локално произведено електрично возило на Mercedes во Индија и ќе игра клучна улога во поттикнувањето на нашите амбициозни планови за електрични возила на пазарот“, рече Мартин Швенк, извршен директор на Mercedes-Benz Индија.
Тоа е совршен спој на технологија, луксуз и безбедност, мноштво пионерски технолошки карактеристики за нашите клиенти. Индија е првата земја надвор од Германија која го произведува EQS 580 4MATIC, а оваа единствена разлика ја поткрепува длабоката посветеност на клиентите и долгорочната визија на Mercedes-Benz Индија за развој на пазарот на луксузни електрични возила овде“.

Mercedes EQS 580 4MATIC на индискиот пазар започнува по цена од 15,5 милиони индиски рупии или околу 193.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK