Каква безбедност: Новиот Jeep Wrangler се преврте на краш-тест (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Американски IIHS објави видеозапис на кој се гледа како Jeep Wrangler од 2019 година се превртува во текот на тестирањето на страната на совозачот – што се случува првпат воопшто. Како што може да се види од повеќе агли Wangler се заби во фиксна пречка, а предниот крај се прекршува. И ако тоа може и да се очекува – џипот потоа се превртува.

И ова не се случило еднаш. Како што забележува IIHS моделот е оценуван во три различни и три одвоени краш тестови со превртување од страна на возачот. Еден од страна на Fiat Crysler као дел од преоверката на Институтот, а два од страна на истражувачкиот центар на Институтот. Во двете испитувања што ги спровела организацијата Wrangler се превртел на страна на сопатникот по ударот во препреката.

Покрај превртувањето Wranglеr добил маргинална оцена што сепак не е најниската оценка на IIHS. Као што е објаснето СУВ возилото направило се добро бидејќи „возачкиот простор се задржал добро“ а „движењето на куклите е контролирано“.

Меѓутоа организацијата забележала дека делумнот опревртување претставува ризик за други дополнителни повреди. Исто така се вели дека „превртувањето на страна не е прифатлив исход од форнтален судар и како резултат на тоа вкупната оценка за Wrangler е намалена до тие граници“.

IIHS вели дека делумнот опревртување е особено опасно бидејќи може да предизвика „излегување“ надвор од возилото. Тоа е особено проблематично во возило беа тврд покрив како Wrangler. Од IIHS објаснуваат дека редизјанираниот Wrangler првобитно бил оценет како добра откако била прегледана документацијата и видео записот доставен од страна на FCA. Во тој виде запис немало превртување.

Но, IIHS направиле ревизја и при тој тест возилото се превртело. FCA испитуваше дали тоа се должи на начинот на кој Wrangler е поврзан со погонскиот систем, па затоа се спроведе втор тест со помош на метод одобрен од производителот на автомобили. И покрај промената, тоа немаше никакво влијание врз резултатот бидејќи Wrangelr повторно се најде странично и превртен.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK