Hyundai принуден да го повлекува моделот Kona EV поради фабрички грешки

ОБЈАВЕНО НА:

Загрижувачка вест за сопствениците на електричната Kona доаѓа од Сеул. Поради фабричка грешка ќе мора да се повлекуваат примероци од овој модел.

Станува збор за фабричка грешка во батеријата и периферната инфраструктура која може да предизвика пожар.

На листата за повлекување се 25.564 примероци од наведениот модел произведени во периодот од септември 2017 до март 2020 година, потврдуваат од Министерството за транспорт на Јужна Кореа.

Барањето за повлекување следи откако се појавија 13 сомнителни случаи на самозапалување од овој модел. Од Hyundai Motors наведуваат дека компанијата реагирала проактивно и дека повлекувањето и фиксирањето на овие примероци ќе падне во целост на товар на јужнокорејскиот производител.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK