Цената на зелениот картон во Македонија останува астрономска – во Србија чини само 1.000 денари

ОБЈАВЕНО НА:

Долги години повеќе владини функционери го најавуваат намалувањето на цената на зелениот картон, но засега нема ништо од тоа. И натаму ќе мора да се издвојува и до 40% од минималната нето-плата за зелен картон.

Во Македонија, како што може да се види од следната табела, годишниот зелен картон за возила до 66 KW изнесува 3.690 денари, додека над 66 KW изнесува 5.536 денари. Може да се извади и месечен и истиот изнесува 1.850 денари за возила под 66 KW, односно 3.075 денари за возила над 66 KW.

Возило Цена
Патнички возила до 66 KW – годишен 3.690 ден.
Патнички возила над 66 KW – годишен 5.536 ден.
Патнички возила до 66 KW – месечен 1.850 ден.
Патнички возила над 66 KW – месечен 3.075 ден.
Влечни возила, специјални возила, моторцикли, приклучни возила и работни возила 5.536 ден.
Товарни возила и автобуси 17.222 ден.

 

Дека цените на зелениот картон во Македонија е астрономска покажува и споредба со Србија. Цената на зелениот картон во Србија изнесува 2.000 динари односно околу 1.000 денари. Тоа е и за шест пати помалку од годишниот зелен картон за возила над 66 KW.
* Цената на зелениот картон во Црна Гора изнесува 30 евра или нешто помалку од 2.000 денари.
* Во Бугарија цената на зелениот картон исто така е далеку помала и истиот е вклучен во годишното осигурување.
* Во Италија цената на зелениот картон изнесува само 10 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK