Ford ќе блокира отварање врати за да ги заштити велосипедистите (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Најголем проблем за велосипедистите е како да бидат навреме забележани од луѓето во автомобилите кои ненадејно ги отвараат вратите од возилото без притоа да проверат дали од позади не наидува некој велосипедист. Тоа придонесува за зголемен број на сообраќајќи и повредени велосипедисти.

Ford откри детали за новиот систем што компанијата го развива, чија цел е да ја зголеми безбедноста на велосипедистите и пешаците кои се во непосредна близина на вратите на застанат автомобил, во тоа опасно време кога тие ќе се отворат.

Според студијата на Ford секоја година има илјадници инциденти кои вклучуваат отворање на вратата на возачот или патникот на патот на велосипедистите. Само во 2018 година, во Германија се пријавени околу 3.500 вакви случаи, а од автомобилската компанија велат дека овие статистики веројатно ќе се влошат и покрај зголемената перцепција за велосипедите како опција за урбана мобилност.

Суштината на новиот систем за безбедност на предупредување Exit Warning на Ford е превентивна, со алармирање на возачот и неговите придружници за присуство или наближување на велосипедист, врз основа на податоците собрани од сензорите на автомобилот, и кога е потребно да го блокира целокупното отворање на вратата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK