Euro Twingo Cup: Блажевски трагичар на Хунгароринг – од лидер до седмо место на целта

ОБЈАВЕНО НА:

Блажевски е најдобропласиран од Македонските возачи, и го задржаи лидерското место во генерален пласман во првенството на Македонија. Од Македонците Бојан Петрушевски беше 12, а Бранко Рафајловски на 13 место. Тие беа на пидесталот во првенството на Македонија.

Марко Блажевски беше блиску до победа на трката од Euro Twingo Cup што се возеше на Хунгароринг, но во последните два круга не издржа, и иако беше лидер на крајот заврши како седмопласиран.
Трката беше прекината на 12 минути до крај, и токму тој прекин беше решавачки, бидејќи десетина и повеќе минути беше во прекин, и откако продолжи на првиот свиок беше престигнат.

Блажевски е најдобропласиран од Македонските возачи, и го задржаи лидерското место во генерален пласман во првенството на Македонија. Од Македонците Бојан Петрушевски беше 12, а Бранко Рафајловски на 13 место. Тие беа на пидесталот во првенството на Македонија.

Само што безбедносното возило излезе од патеката,на 4,50 минути до крај на трката Блажевски обидувајќи се да го одбрани местото од Мика Фабијан, од внатрешна страна на патеката влезе Рок Церар преземајќчи го водството. Потоа дојде делот каде претходно се посипуваше за да нема лизгање, и тука Церар пиомина прв, а другите подзастанаа бидејќи имаше прав, и тука и другите возачи веќе го стигнаа Блажевски.

До крајот на трката веќе ја загуби и концентрацијата дозволувајќи им и на Михајло Младеновиќ, Лука Глазер, Лука Грм, Миха Фабријан и Ник Полјанец да го престигнат.

Марко Блажевски одлично ја почна трката и уште во првиот круг успеа да го презеде лидерското место од Лука Грм. Зад себе имаше тројца Словенци кои постојано му дижеа во врат. На свиоците Блажевски беше подобар, а на правците возилата на Словенците изгледаа побрзи. Но, и покрај тоа Блажевски одлично возешем не дозволуваше да биде престигнат иако после 10 минути возење, за момент беше престигнат од Миха Фабијан. Но, само за неколку свиоци.

Во моментот кога Рок Церар го престигнува Марко Блажевски

Потоа Македонецот пак го презеде водството и продолжи со исто темпо со кое и дотогаш протискаше на педалот. Во моменти кога имаше 0,436 секунди предност трката беше прекината. Сите возила извозеа еден круг заедно со безбедносното возило, и се паркираа на стартно-целната рамнина чекајќи иснтрукции од директорот на трката.

Во моментот на прекин на трката Владимир Тренески беше осмопласоран, Бојан Петрушевски беше на 13 место, а Адо Хамзиќ беше на 23 место.

Црвеното знаме и трката значеше прекин на трката. Дејан Робида имаше технички проблем и на еден свиок од автомобилот истече многу масло. Поради опасност од пролизгување трката беше прекината додека редарите и техничкиот персонал на патеката ја чистеа и го покриваа местото со прашкаст материјал со кој истата ќе се впие. Директорот на трката го надлегуваше чистењето со цел да се види дали ќе може да се вози на тој дел од патеката.

Во првенството на Македонија во генерален пласман води Марко Блажевски со 52 бода, пред Бојан Петрушевски со 45 бода, а Владимир Треневски има 34 бода.

Следната трка ов Euro Twingo Cup се вози на 10 јуни во Словачка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK