Багажникот е важен дел – Ова се најпространите автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Таканаречените масовни автомобили се карактеризираат во повеќето случаи со компактни димензии од кои се разбираат големината и пространството во внатрешноста. Меѓутоа, има и такви кои нудат многу повеќе од пристојна удобност и огромно пространство во салоните. А токму багажникот и пространоста некогаш е важен дел кај автомобилот и при купувањето, особено за семејствата.

За да биде еден автомобил удобен за превоз на патници таа треба да биде просторна и со релативно висок квалитет на материјалите во салонот. Според општото мислење најдобрите модели од масовните се три.

На прво место заслужува да се одбележи Skоdа Supеrb, која е исклучително просторна и се карактеризира со доста пристоен квалитет на материјалите во салното.

Растојанието меѓу оските на Supеrb e 2.841 мм, што дава можност за многу просторен салон особено одзади која од тоа не страда и обемот на багажникот, кој е 584 литри.

Втората позиција е за блискиот по род на Supеrb, кој се продава под брендот Vоlkswаgеn. Станува збор за моделот Pаssаt – еден доста голем автомобил кој располага со растојание меѓу оските од 2.786 мм.

Во споредба со претходната генерација тоа е за 79 мм повеќе, што неизбежно се одразува и на просторот во купето.

Третиот модел во уникатното рангирање за најпространите масовни автомобили е дело на Јапонците од Tоyоtа. Поконкретно станува збор за моделот Саmry.

Растојанието меѓу оските на овој автомобил достигнува до 2.825 мм, така што има доволно место за патниците.

Во однос на просторот во кабината овој модел секогаш бил еден од лидерите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK