Холандија воведува ограничување на патиштата од 100 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

И додека некои од земјите во регионот планираат зголемување на максималната брзина на автопатиштата во Холандија активно се работи на плановите за намалување.

Така според планот кој се разгледува во Владата на оваа земја, голема е веројатноста да од следната година максималната брзина која ќе биде дозволена на автопатиштата изнесува 100 км/ч.

Причината за ова лежи во амбициите за намалувањето на штетните издувни гасови, потенцираше премиерот на Холандија Марк Руте за холандска телевизија.

Сепак измената нема да важи во вечерните и ноќните периоди. Тоа значи дека од 19 часот па се до 6 часот наутро, максималната брзина со која ќе може да се вози ќе изнесува 130 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK