(Видео): Укради BMW за 20 секунди

Вградената напредна технологија во новите автомобили донесе примена на напредни методи за кражба на истите. Иако многу производители уверуваа дека новите автомобили потешко може да се украдат, сепак праксата го покажува спротивното.

Така, последните настани поврзани со кражби на возила покажуваат како крадицте меѓусебно се натпреваруваат со тоа кој ќе украде луксузен автомобил за помалку секунди.

Последната вест доаѓа од Нортемпон, Велика Британија каде крадци беа фатени на камера како крадат BMW M140i. Овој автомобил и покрај бројната технологија вградена во него и бројните системи воопшто не пружи отпор на крадците па така тие успеаја да го украдат за само 20 секунди.

Како што може да се види од видеото, кражбата е извршена со помош на скенер кој ги апсорбира и пренасочува сигналите од клучевите.