Автоматска казна за користење мобилен додека возите во Холандија

ОБЈАВЕНО НА:

Холандија е првата земја во Европа, на чија територија се издаваат автоматски казни за користење на мобилен телефон за време на управувањето на автомобил.

За регистрирање на прекршоците, државната администрација користи паметни камери, кои се во состојба да регистрираат дали возачот држи мобилен телефон и во случај на позитивен резултат, автоматски испраќа фотографија кај надлежните органи. Се проценува дали возачот навистина прави прекршок и при потврда, казните се праќаат автоматски.

Автоматскиот систем го снима секое превозно средство, но благодарение на специјалното аголно позиционирање на опремата, на фотографијата излегуваат само предниот дел од автомобилот со регистрациски број и горниот дел на предната табла, соодветно и на рацете на возачот.

Од Европската комисија за безбедност при транспорт објавија дека за време на еден од тест фазите на автоматскиот систем во Холандија, само за шест часа, две камери снимиле 400 возачи како држат мобилни телефони за време на возењето.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK