Lamborghini со четири специјални верзии на Huracan

ОБЈАВЕНО НА:

Lamborghini лансираше четири специјални верзии од моделот Huracan. Овие верзии се инспирирани од мексиканската култура, а поводот за ова е одбележувањето на јубилејот од 10 години од отворањето на првиот официјален продажен салон на Lamborghini во Мексико.

Се работи за верзии изработени со т.н. Ad Personam програм за персонализација на Lamborghini возилата, а секој од нив има и свое име и тоа: Vita, Morte, Sogno и Tempo.

Huracan Vita доаѓа во т.н. Verde Ermes зелена боја која го претставува животот и природата додека пак златните фелни го означуваат сонцето. Huracan Morte доаѓа во темно сина боја со бронзени фелни. Huracan Sogno или во превод сон, доаѓа во светло сина боја со злани детали додека пак Huracan Tempo во црна боја и бронзени детали.

Во поглед на мотористиката нема никакви промени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK