Volkswagen со профит од 8,5 милијарди евра во првиот квартал на 2022

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител на автомобили Volkswagen оствари оперативен профит од 8,5 милијарди евра (9,2 милијарди долари) во првиот квартал од 2022 година. Сепак, компанијата исто така соопшти дека влијанието на војната во Украина, нарушувањата во синџирот на снабдување со суровини и зголемувањето на цените на суровините создаваат несигурност на пазарот.

„Покрај тоа, негативните ефекти може да продолжат да бидат резултат на влошувањето на пандемијата COVID-19 и состојбата со снабдувањето, особено за полупроводниците“, се вели во соопштението.

Во првите три месеци од оваа година, Volkswagen на клиентите им испорача 99.100 електрични возила со батерии, што е за 39.000 повеќе отколку во истиот период минатата година. Европа остана регионален лидер во продажбата на електрични автомобили со батерии со 58.400 продадени возила.

Најголем раст е забележан во Кина, каде 28.800 клиенти ги добиле своите електрични VW четири тркала, што е повеќе од четири пати повеќе од претходната година.

Топ-5 модели на целосно електрични возила во првиот квартал во 2022:
– Volkswagen ID.4 – 30.300 возила
– Volkswagen ID.3 – 13.000
– Audi Q4 e-tron (заедно со Sportback) – 10.700
– Audi e-tron (заедно со Sportback) – 10.300
– Porsche Taycan (заедно со Cross Turismo) – 9,500

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK