Подготвени за иднината: Електричната Peugeot 208 доаѓа следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Не само што работи на целосна обнова на постоечката гама, Peugeot интензивно се подготвува за иднината. Првиот чекор кон иднината ќе го направи со моделот Peugeot 208 кој ќе биде првиот модел на францускиот производител достапен во електрична изведба.

Откако во 2012 година премиерно беше претставен на јавноста, веќе некое време Peugeot ја подготвува новата, втора генерација на 208, а покрај целосно новиот екстериер и ентериер, Peugeot ќе објави и електрична изведба од овој модел, и сето тоа следната година.

Предниот дел, вклучувајќи ги светлата и предната маска се инспирирани од моделот 508 кој беше презентираат оваа година. Измени се очекуваат и на задниот дел додкеа во внатрешноста се очекува да биде вградена последната генерација на кокпитот на Peugeot.

Покрај овој модел, во наредните две години од Peugeot официјално потврдија дека ќе ја лансираат новата генерација на 308, но и на SUV моделот 2008.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK