И Kia Rio добива SUV изведба?

ОБЈАВЕНО НА:

Од почетокот на годинава досега Kia претстави повеќе од пет модели, целосно нови и нови генерации. Сепак јужнокорејскиот производител не застанува тука и планира уште еден модел до крајот на годината.

Според пишувањето на повеќето новински агенции, Kia планира да лансира уште еден SUV. Станува збор за модел кој ќе се базира во целост на Kia Rio и како таков овој SUV ќе се позиционира под Kia Stonic со што ќе биде најмалиот SUV во понудата на Kia.

Потврда за оваа информација дадоа Дејвид Лаброс, шефот за планирање на производи во европската дивизија на Kia кој изјави дека сеуште ништо не е одлучено за новиот SUV, но дека во моментов се разгледува таа можност.

Доколку овој автомобил добие зелено светло тогаш истиот би се произведувал во Словачка и бил наменет исклучиво за европскиот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK