Возачите на BMW не се најказнуваните за брзо возење – тоа се возачите на Subaru Impreza WRX

ОБЈАВЕНО НА:

Иако возачите на BMW веќе долги години се рангирани на највисоката позиција на листата на возачи кои најмалку ги почитуваат сообраќајните правила и возат над дозволеното, сепак едно истражување од САД покажува дека сето тоа е само стереотип.

Insurify спроведе истражување во кое биле опфатени дури 2,5 милиони лица/осигуреници па оттука направи рангирање на оние кои најчесто го прекршуваат брзинското ограничување.

Така возачите на Subaru WRX имаат најмногу прекршоци по оваа основа. Дури 20,49% од сопствениците на овој модел имаат казна за пречекорување на максималното ограничување на брзината. на втората позиција се сопствениците на VW Golf GTI. Дури 17,38% од испитаниците опфатени во истражувањето кои поседуваат ваков автомобил одговориле дека биле казнети за пречекорување на брзината.

На третата позиција се сопствениците на “обичната” Impreza, а во топ 5 се наошаат и возачите на Dodge Dart и Hyundai Veloster.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK