И велосипедите добиваат регистарски таблички?

ОБЈАВЕНО НА:

Сите велосипеди ќе мора да имаат регистарски таблички како би можеле да се користат на јавните површини во Берлин. Ова е планот кој наскоро може да се реализира доколку биде изгласан во градското собрание на Берлин.

Берлинскиот весник Morgenpost пишува дека властите размислуваат за овој потег поради се поголемиот број на сообраќајни несреќи предизвикани од велосипедисти или нивно директно учество.

Од друга страна, Здружението на велосипедисти ја осудуваат оваа намера на берлинските власти наведувајќи дека со регистарските таблички, велосипедистите ќе бидат повеќе подложни на казнување.

Во Македонија, воведувањето на регистарски таблички за велосипедистите би можело да има позитивни ефекти пред се поради се почестата кражба на велосипеди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK