Од Hyundai велат: Ова не е пикап – ова е Santa Cruz! (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Светската премиера на новиот модел на Hyundai што ќе го носи името Santa Cruz e за неколку денови, а оделот на Hyundai за Северна Америка објави кратко видео од моделот. Главниот фокус е на контрастната природа на автомобилот и нагласувањето дека тој „не е пикап – тој е Santa Cruz“.

Моделот е развој на одделот за дизајн на Hyundai во Северна Америка, Hyundai Design North America, и компанијата го опишува како комбинација дизајнирана за оние урбани авантуристи кои честопати одат надвор од градот во потрага по нови авантури.

За својата нова понуда на пазарот, Hyundai коментира дека ќе ги сруши стандардите во овој сегмент нудејќи им на потрошувачите мулти-профилен автомобил кој ќе комбинира квалитети и од класичните пикапи и од џиповите.

За оваа цел, тој ќе се потпре на системот за погон на четири тркала, но и на импресивниот дизајн, чиј дел веќе ни е добро познат од целосно новата генерација на SUV моделот Тусон.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK