Volkswagen инвестира дополнителни 15 милијарди евра во електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Инвестиционата експанзија на Volkswagen и во време на криза продолжува.

Како што соопштуваат од компанијата, во наредниот период односно до 2024 година ќе бидат инвестирани 15 милијарди евра во три кинески компании за развој и производство на електрични возила.

Инвестицијата ќе биде насочена кон заедничките компании кои VW ги основа со FAW Groupom, SAIC Motorom и JAC. При тоа ќе бидат направени најмалку 15 електрични и хибридни модели со електричен мотор и стандарден мотор со внатрешно согорување.

И претходно годинава, Volkswagen инвестираше во неколку кинески компании.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK