Кои се најпопуларните возила за рентање во Македонија?

ОБЈАВЕНО НА:

Интернет сајтот discovercars.com кој е всушност платформа за он-лајн рентање на возила ширум светот направи рангирање на најпопуларните возила за рентање во Македонија.

Според овој интернет сајт во Македонија најпопуларни се возилата од брендот на Volkswagen, исто како и во останатите земји од поранешна Југославија.

Така најпопуларен модел е Volkswagen Polo, а потоа следат Hyundai i20 и Opel Corsa. Ова произлегува од тоа што најчесто односно какви најчесто модели клиентите рентаат преку овој интернет сајт. На листата топ 5 најпопуларни модели се уште и Fiat Panda и Volkswagen Up.

Причината зошто се овие модели најпопуларни веројатно е нивната цена која најчесто стартува од 20 евра. На листата место има и за Volkswagen Touran, Opel Astra, Opel Insignia и Ford Focus.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK