Ford има нова верзија на Transit

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот оддел на Ford ги откри првите детали околу новата товарна верзија на новиот Transit, кој ветува дека на корисниците ќе им понуди не само дополнителна удобност благодарение на понискиот под и соодветно полесно товарање и растоварање, туку и зголемена носивост, како резултат на полесната конструкција на товарниот дел.

Во споредба со стандардната верзија на кабината на Transit, новата верзија на моделот доаѓа со предност од 200 килограми помала тежина, како и со товарен под кој е 10 сантиметри понизок.

Од  Ford велат дека новата товарна верзија на Transit ќе се надогради на успехот на двотонската модификација на моделот, кој продолжува да се радува на зголемена заинтересираност во Европа. Во првите шест месеци од годината, на европскиот пазар семејството Transit забележа 52.100 продажби што претставува зголемување за 13% во однос истиот период минатата година.

Новата товарна варијанта на Transit е развиена на база на верзијата со преден погон на моделот и благодарение на отворениот заден дел на кабината се дава лесен пристап на возачот до товарното одделение.

Автомобилот е достапен за купување во три верзии на растојание меѓу оските, со дволитарски EcoBlue мотор во верзии од 130 и 170 коњски сили, стандарден шестстепен менувач и можност за порачување на шестстепен автоматски менувач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK