Иднината е во струјата – Taycan најпродаван модел на Porsche во август

ОБЈАВЕНО НА:

Помалку неочекувано, но во август најпродаван модел на Porsche во Европа е Taycan – првиот целосно електричен автомобил на овој производител.

Како што покажуваат официјалните податоци за продажбата на овој бренд за август, Taycan во европските земји е испорачан во 1.183 примероци.

Во истиот тој месец вкупната продажба на моделите 911, 771 и Cayenne изнесувала 1.097 што носи до заклучокот дека Taycan е убедливо најпродаваниот модел на германскиот производител.

Одличните продажни перформанси на моделот Taycan ги подгреаа шпекулациите за тоа дека кон крајот на следната година Porsche ќе претстави нов, целосно електричен модел покрај електрификацијата на веќе постоечките модели во понудата.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK