Сонцето заoѓа подоцна – паркингот се наплаќа до подоцна

ОБЈАВЕНО НА:

Од утре почнува летното сметање на работното време на јавните паркинзи со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ Скопје.

Работното време во зоните А,Б, Ц и Д ќе биде од седум до 23 часот од понеделник до сабота. Досега паркингот се наплаќаше до 21 часот. Останува бесплатен паркнг во недела и државни празници.

Од ЈП „Градски паркинг“ им препорачуваат на сите корисници на нивните услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведенеото работно време, со што би се спречило казнување, односно поставување блокатор.

Повеќе информации околу зонското паркирање

Следете не и на:

24AUTO NETWORK