Електричните возила на Aiways во Европа пристигнуваат. Контингент од 500 возила од електричниот СУВ модел U5 ќе пристигне во јули на Корзика. Пратката на електрични возила е нараќана од Hеrtz Corsica и ќе бидат достапни за изнајмување веќе од следниот месец на овој француски остров.
Произведен во Шанграо, Кина во фабрика со капацитет од 150.000 возила, моделот U5 е достапен за нарачка во повеќе европски земји вклучувајќи ги Германија, Норвешка, Швајцарија и Холандија. СУВ моделот кој не испушта штетни издувни гасови ќе треба да има сервис на 100.000 км. и Aiways ќе соработува со независни сервисери на секој поединечен пазар.
Првиот кинески СУВ со нулта емисија што е претставен во Европа е долг 4,68 м., широк – 1.87 м. и висок 1.7 м. Има капацитет на багажникот од 432 литри што може да се зголеми до 1.555 литри со спуштање на задните седишта.
Го покренува електричен мотор сместен на предната оска со сила од 188 КС (140 kW) и 315 нм. вртежен момент. Батеријата од 63 kWh ветува дека за 27 минути полнење може да се наполни од 30 до 80 отсто во зависност од полначот и д амине околу 400 км. Моделот е опремен со Ниво 2 на полуавтоматско возење, камера 360 степени, 12,3 инчен инфо систем на допир, автоматска клима, сончен кров и др.