„Старо“ Ferrari cabrio што чини 6 милиони долари – за почеток!

ОБЈАВЕНО НА:

Летото е период кога се одржуваат многу аукции и каде во голем дел доминират кабрилетите. Оние постарите и добро сочувани секогаш држат на цена. Аукциската куќа Gooding & Company подготви повеќе модели, а меѓу нив е класикот што доаѓа од Италија и за почеток чини милиони.

Тоа се однесува на моделот 1959 Ferrari 250 GT Cabrio. Тој е последен од првата серија без покрив со шасија 1475 GT, и е една од само четирите возила со отворени предни светла и само две со високи задни вертикални фарови. Проценетата вредност на моделот е 6 млиони долари.

На аукцијата ќе има уште неколку други модели на „црното коњче“ како што се 500 Mondial од 1954 (со 4 цилиндри), проценет на 3,4 милиони долари, потоа моделот 212 Inter од 1951 година (проценет на 1,65 милиони долари), и два модели на 275 GTB од 60-тите години (проценети на 2,2 милиони долари и 3,25 милиони долари)

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK