Роботи ќе станат поштари, ќе доставуваат пратки до врата (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2018 година Американската пошта доставила повеќе од 6 милијарди пратки што е двојно повеќе отколку пред десет години.

Тоа значи дека е направена доста добра работа од страна на вработите, а Ford нуди решение за зголемениот обем на работа.

Blue Oval и компанијата Agility Robotics развиле автономен робот, кој пристига на адреса со беспилотен автомобил и доставува пратки до влезната врата на примачот.

Digit ја претстави машината со лесна конструкција и капацитет од 18,4 килограми, кој го планира патот и по потреба ги заобиколува пречките и може да се искачи и да се спушта по скалите.

Ако наиде на пречка на патот која не може да ја помине тогаш роботот се поврзува со автомобилот и испраќа слика. Ако и „мозокот“ во колата не успее да се справи со ситуацијата тогаш информацијата се препраќа кон облак додека не се најде решение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK