Дизелите и бензинците ќе траат уште најмалку 70 години – веруваат во Renault

ОБЈАВЕНО НА:

Европа рече дека не сака нови автомобили со фосилни горива од 2035 година, но ако мислите дека моторите со внатрешно согорување ќе исчезнат, далеку сте од вистината. Има и други делови од светот, како и нови горива, кои би можеле да ја променат целата парадигма. Накратко, тоа го изјави Жан Доминик Сенард, претседател на бордот на директори на групацијата Renault, за францускиот весник „Ла Трибјун“.

Има еден исклучок во одлуката на ЕУ, а тоа се моторите со внатрешно согорување кои работат на синтетички горива. Тие се воведени и како легитимна опција. Ова се случи на инсистирање на Германија и Сенард е среќен поради тоа.

„Не ме сфаќајте погрешно, Renault е подготвен да се збогува со моторот со внатрешно согорување. Renault ќе биде електричен во 2030 година, но мора да продолжиме да развиваме и произведуваме автомобили со мотори со внатрешно согорување. Зашто, сакале или не, горивниот мотор ќе остане во светот најмалку седумдесет години.

Претседателот на одборот на директори на групацијата Renault објаснува дека затоа се вложуваат значителни средства во развојот на алтернативни горива.

„ Добро знаеме дека се прави напредок во таа област. Сепак, се поставува прашањето по која цена? Би било убаво да се спушти цената на алтернативните горива на 1 евро или 1,50 евро за литар. Независни експерти велат дека тоа е можно. Се одвива побрзо отколку што мислите: можеби ќе бидеме таму за четири, пет, шест години.

Сенард истакнува дека брзата транзиција само на електрични автомобили е непожелна.

„ Ако имаме и најмал сомнеж дали имаме доволно енергија за електрични автомобили, за суровини или геополитички кризи, не можеме да си дозволиме да се обложуваме на еден коњ. Предизвиците кои водат кон преминот кон 100 проценти електрично возење се многубројни и обемни.

Сенард е особено загрижен што многу од суровините потребни за електричните автомобили доаѓаат од Кина.

„Овие благородни метали и минерали се клучни за развојот на електричните автомобили и мислам дека не ги предвидовме фундаменталните геополитички кризи. Всушност, мислам дека војните во иднината ќе бидат војни со ресурси.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK