Претставен Harrier – најновиот SUV на Toyota

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota официјално ја претстави најновата, четврта генерација од моделот Harrier. Станува збор за SUV кој за прв пат во понудата на Toyota беше воведен во 1998 година, а сите досегашни три генерации се доста популарни во Јапонија.

За разлика од претходните генерации кои се базираа на истата платформа како и Lexus RX, четвртата генерација се базира на TNGA-K платформата која во моментов ја користи и новиот RAV4.

Овој SUV е долг 4.740 мм, широк 1.855 мм и висок 1.660 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.690 мм што е доволно за да се позиционира на RAV4 и C-HR.

Во однос на мотористиката, 2,0 литарскиот бензински мотор со моќност од 171 КС е основниот мотор, а тука е и хибридната верзија со 2,5 литарски четири цилиндричен мотор со 218 КС.

Секако, новата генерација на Harrier доаѓа и со најновиот инфозабавен систем како и со последната генерација на системи за безбедност, сигурност и асистенција на возачот.

Во производство и продажба влегува во јуни годинава, а засега останува непознато дали ќе биде дел од европската понуда на Toyota.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK