Како да ја дознаете вистинската километража на еден автомобил?

ОБЈАВЕНО НА:

Добро познат факт е дека автомобилите на старо, кои се продаваат низ земјите на Балканот, масовно се со „вратени“ километражи. Како може да се дознае дали километражата на еден автомобил е враќана назад? Одговор на ова прашање даваат експерите од аutо.ru, кои ги посочуваат основните работи, кои помагаат да се разбере реалната километража на едно возило.

Првото кое треба да предизвика сомнеж е отсуството на сервис документи, што треба да одат заедно со автомобилот. Сервисната книшка јасно покажува, кога и на колку километри бил автомобилот, пред да се најде во рацете на продавачот.

Не се ретки и случаите кога сервисните книшки се фалсификуваат, но ако има фалсификат сервисна книшка тогаш информацијата од неа може да се провери во сервисот, кој ја истал истата и ставил печати.

Ако заклучите дека сите документи се в ред, тогаш второто кое треба да го направите е да преминете кон детален преглед на автомобилот. Многу гребаници и пукнатини на бојата, излижана тапацир на седиштата, нанесени гумени облоги на педалите, истрошени волан и рачна кочница во повеќе случаи се знаци за изминати стотици илјади километри.

На финалната етапа, ако при проверката на документите и визуелниот преглед сè ви изгледа добро е најдобро да ги проверите показателите на километражата во некој онлајн сервис или да се обратите за помош кон официјалниот продавач за брендот. Повеќето ќе ви дадат информација, за автомобилот како ги минувал прегледите во официјалниот сервис.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK