Иако скапите и ултра луксузни автомобили не подлежат на тестови за безбедност сепак Rimac Automobili спроведе еден таков тест и видеото го сподели со јавноста.
На видеото може да се види како прототипот C_Two чија вредност е над еден милион евра е уништен на тест за издржливост односно безбедност.
Техничките перформанси на овој хипер автомобил сами по себе воодушевуваат бидејќи до 100 км/ч забрзува за помалку од две секунди, но она што е импресивно е издржливоста која може да се види само кај овој автомобил.
За што станува збор погледнете на видеото во продолжение.
Ако не можете да го догледате целиот прилог и објаснувањето на инженерите, еве го делот каде е самиот краш тест.

Следете не и на:

