Ова е нова шема за крадење од возилата – немојте да наседнете!

ОБЈАВЕНО НА:

Измамниците сè користат нови методи за да ги ограбат возачите на патот при што ги блокираат. За таа цел користат најобична водоотпорна цевка со чија помош автомобилот ќе биде имобилизиран, а возачот принуден да запре. Шемата не е сложена. Жртвата ја забележуваат следачите, кои ги информираат крадците за забележаниот автомобил. Ако во неа се вози само возачот или уште повеќе ако е жена тогаш ризикот расте неколкупати.

Новиот начен на крадење засега е „развиен“ од руските крадци, кои така работат на нивните патишта. „Оружјето на престапот“ е цевка со дијаметар од 10-20 милиметри. Едниот крај се  сече под прав агол, а другиот под остар за да добие пресечен цилиндар со висина од 3-4 сантиметри.

Измамниците ја избираат трасата од маршрутата на жртвата низ дупките. Цевката се забива во некоја од нив со остриот крај нагоре на местото, низ кое најверојатно минува тркалото од автомобилот.

Ако некоја од гумите заврши заробена во стапицата, цевката се забива во неа и воздухот излага низ дупката во миг принудувајќи го возачот веднаш да запре. Штом го отвори багажиникот за да ја извади резервната се појавува автомобилот на измамниците.

Тие веднаш запираат, почнуваат да прашуваат учтиво што се случило и предлагаат помош за своите „колеги“. Спектаклот е исклучително оригинален. Измамниците искрено сочувствуваат со возачот кој имал проблеми и уште пред тој или таа да ја отвори врата, ги засукуваат ракавите и се фаќаат за работа да помогнат со смена на гумата. За жртвата останува само да ги затегне штрафовите, после што може да продолжи по патот.

Радоста на возачот од односот на помагачите трае само до моментот додека ги собира пукнатата гума и клучот во багажникот. Штом седне во возилото се покажува дека во автомобилот недостигаа телефонот, чантата или паричникот со парите и картичките. Тие се исчезнати додека сите биле насочени кон пукнатата гума, а во текот на целото време од другата страна на возилото успеал да влезе некој од „помошниците“.

Измамниците обично не прават работи со големи размери, а претпочитаат да крадат мали чанти во кои може да има нешто со голема вредност. Има само еден начин да се дејствува против добро разработената шема. Пукнатата гума треба да е сигурен знак за претстојните непријатности и возачот би постапил најразумно доколку не прима никакви предлози за помош.

Измамниците по правило се откажуваат од намерите доколку жртвата не разговара со нив. Тие обично не се насилни бидејќи според руските закони бандитизмот на патиштата се покажува како многу посуров од крадењето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK