Toyota Corolla Cross во понудата во САД – ќе дојде ли во Европа?

ОБЈАВЕНО НА:

Во јули 2020 година во Тајван и Тајланд започна производството на крос изведбата на Toyota Corolla. Овој модел јапонскиот производител привично го најави како модел наменет за пазарот во Азија, но сега полека го освојува глобалниот пазар.

На 12 март годинава, Corolla Cross во производство влезе и во Бразил, во фабриката близу Сао Пауло, а сега е најавено доаѓањето и на американскиот пазар. Американските меидуми објавија фотографии од камуфлираниот кросовер, а истите тие пренесуваат дека во продажба на американскиот пазар ќе се појави кон крајот на ова лето.

Инаку овој модел се базира на TNGA-C (Toyota New Global Architecture) платформата која веќе се кориси кај неколку модели на Toyota. Оттука должината изнесува 4.460 мм, широчината 1.825 мм, висината 1.620 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.640 мм. Овие димензии обезбедуваат и солиден багажен простор од 487 литри.

Стандардно место во понудата зазема 1,8 литарскиот бензински мотор кој продуцира 140 КС при 175 Nm обртни моменти. Хибридната верзија го комбинира овој бензински мотор со електромотор од 72 КС. Достапен е со мануелен и автоматски менувач.

Останува непознато дали овој модел ќе биде дел од европската понуда на Toyota.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK