Renault со фејслифт на Twingo и нов мотор во понудата

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител Renault го претстави подновеното Twingo од третата генерација која беше лансирана во 2014 година.

Без големи екстериерни измени каде највпечатливата измена се новите LED светла во C форма, ова Twingo и натаму останува привлечен градски автомобил. И во внатрешноста нема никакви измени. Збогатена е само понудата на ткаенина на седиштата, а апдејтиран е инфотејнмент системот составен од нов 7 инчен екран.

За прв пат кај овој модел Renault го воведува трицилиндриот 1.0 литарски бензински мотор кој продуцира 74 КС. Во однос на останатите мотори тие и натаму остануваат во понудата на францускиот производител.

Twingo е најпродаваниот мал градски автомобил на францускиот производител. Во понудата се појавува во 1992 година и од тогаш па се до денес лансирани се три генерации. Како и претходната трета генерација така и фејслифтот ќе продолжи да се произзведува во фабриката на Renault во Ново Место, Словенија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK