Расте продажбата во В.Британија – Volkswagen најпродаван бренд

ОБЈАВЕНО НА:

За 11,5% е зголемена продажбата на нови автомобили во март годинава споредбено со март минатата година, покажуваат официјалните податоци за продажбата објавени од страна на Здружението на производители и трговци на автомобили на Велика Британија (SMMT).

Вкупно 283.964 нови возила се продадени во март годинава, но иако во апсолутна бројка е повеќе од март минатата година, сепак е далеку од просекот за март во периодот од 2008 до 2018 година.

Возилата со дизелски и бензински мотор имаат негативен пораст на продажбата, а на нивниот пад на продажбата најмногу профитираа оние со алтернативен т.е. електричен погон.

Најпродаван модел е Vauxhall Corsa со продадени 7.927 примероци, а на втората позиција е Ford Fiesta со 7.406 примероци. Во листата на топ 10 најпродавани модели се Mercedes Benz A Class, Tesla Model 3, Nissan Qashqai, BMW 3 Series, Volkswagen Golf, Toyota Yaris, Ford Puma и Mini. Најпродаван бренд останува Volkswagen со продадени 23.698 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK