Прва фотографија од новиот Land Cruiser

ОБЈАВЕНО НА:

Следната генерација на големиот СУВ на Toyota носи нешто ново, а веќе се појави и првата фоторафија и тоа на Инстаграм. Тоа е објавено од списание од Јапонија, а од горе сето е покриено со платно со натписи на арапски, но, сепак, дава претстава за насоката во која се движеле дизајнерите за новиот Land Cruiser 200.

Фотографијата открива доста импресивна комбинација од груба моќ и елеганција, која во исто време не остава сомнежи за брендот на автомобилот. На око најмногу се гледа новиот облик на фаровите, кои потсетуваат донекаде на последниот Ford Expedition.

 

Од страниците на списанието се гледа и табелата со технички карактеристики и димензии на следниотLand Cruiser 200. Се споменуваат 3,4 литарски V6 мотор со моќност од 422 коњски сили, а тоа ќе биде замената за V8 моторот, а ќе биде со деветстепен автоматски менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK