Малинковски и Блажевски во нов дуел во Twingo Cup (Линк/Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Последната трка од Twingo Cup за првенството на Македонија што се вози од 16 часот на патеката Гробник ќе донесе нови возбудувања, и веројатно интересен дуел меѓу Марко Блажевски и Давид Малинковски. Двајцата ќе стартуваат од 4 ред во конкуренција на 32 возачи од неколку земји, а најмногу од Словенија.

Стартниот ред на втората трка на Гробник е според пласманот од првата трка вчера. Блажевски беше седмопласиран и најдобар меѓу Македонците, а веднаш зад него беше Давид Малинковски. Со вчерашното второ место Малинковски ја обезбеди титулата на една трка до крај.

Од другите македонски возачи Мартин Костовски ќе стартува од 18 место, зад него е Зоран Мираковски. Ангелче Трајковски ќе стартува од 21 место, Слободан Трајковски од 22, Емил Нацка – 23, Владимир Тренески – 29 и Ненад Костовски – 30. Вчера Тренески и Костовски вчера не ја завршија трката.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK