Tesla пред банкрот а Маск вели: Досадни сте!

ОБЈАВЕНО НА:

Последните пишувања на светските медиуми околу иднината на Tesla го налутија Маск, првиот човек на оваа американска компанија. Kaко што пренесува Блумберг, последната конференција одржана на Вол Стрит чија тематика била поврзана со финансиите на Tesla не поминала во најдобар ред откако Маск во неколку наврати одбил да одговори на неколку прашања на аналитичарите нарекувајќи ги истите како досадни.

Tesla во последните неколку квартали се соочува со сериозен недостаток на финансии, а финансиските перформансии бележат континуирано влошување. Ова го искористија аналитичарите кои му поставуваа незгодни и провокативни прашања. Еден од нив беше Тони Саконаџи, аналитичар од Санфорд Бернштајн кој побара одговор во однос на намалената проекција на капитал.

“Што конкретно значат вашите капитални барања” го праша Саконаџи Маск. “Извините, понатаму, понатаму. Досадните и глупи прашања не се кул” му возврати Маск.

Ова е само една од интеракциите што Маск ги имаше со аналитичарите, при што нервозно одговараше или избегнуваше да одговори на неколку прашања што сами по себе се начнаа како последица на последните случувања поврзани со Tesla.

Маск, неколку пати во изминатите месеци излегуваше со убедувачки изјави дека овие загуби се однапред предвидени и дека сегашните вложувања многу скоро ќе вродат со плод.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK