Проблем: Воланот на Santa Fe може да им остане в раце на возачите

ОБЈАВЕНО НА:

Сопствениците на возилото Hyundai Santa Fe се соочуваат со проблем, а тој се однесува на воланот во возилото. Сепак, ваквите проблеми се забележани само на моделите наменети за патиштата во САД.

Корисниците на возилата во Европа немаат вакви проблеми и тие може да ги возат своите автомобили без грижи. После објавувањето на оваа информација во САД се повлекуваат дури 44.000 возила од моделот Santa Fe, а причината за тоа е доста незгоден дефект на воланот.

Конкретно се работи за прицврстувањето на воланот. Истиот не е прицврстено доволно добро и постои можност воланот да остане в рацете на возачот за време на движењето. Затоа од Hyundai ги повикуваат клиентите и бесплатно вршат поправи на дефектот.