Изнајмил McLaren 720S за да се трка – па го слупал

ОБЈАВЕНО НА:

CHP (California Highway Patrol) на својот официјален Твитер профил објави несекојдневна вест која го привлече вниманието на автомобилската јавност. Имено, неименувано лице изнајмил McLaren 720S па учествувал во сообраќајна незгода.

Секако, во ова нема ништо чудно и невообичаено, но не е така доколку на ова се додаде дека возилото било изрентано со цел да учествува во нелегална трка.

“Кога се решавате да изрентате McLaren 570 за да се тркате со Lamborghini на (автопат) US-101 и направиш судар. Следниот пат биди сигурен дека си земал и рентално осигурување! Среќа, нема ниту еден сериозно повреден” стои во твитот.

Токму тоа што неименуваниот несреќник при рентањето на возилото не купил и дополнително осигурување го прави вистински лузер па така сега ќе мора тој лично да ја покрие целата штета која и не е воопшто мала.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK